Барселона

Гризман: Сакам Меси да остане, но тоа е работа меѓу него и клубот

Антоан Гризман за прв пат проговори за иднината на Лео Меси, тој вели дека сите се надеваат дека тој ќе остане, но нема многу повеќе информации од другите луѓе. 

Иднината на Меси во Барселона се очекува да биде решена наскоро, сега поголема е веројатноста тој да остане, а да си замине по крајот на следната сезона, но сите прашања се уште се отворени.
 
Гризман кој е на должност со француската репрезентација, вели дека сака Меси да остане во Барса, но тоа е работа меѓу него и клубот.
 
„Ние се обидуваме да добиеме колку што е можно повеќе вести за ова, но тоа е работа меѓу клубот и Меси. Се надевам дека ќе остане. Се обидувам да се фокусирам на националниот тим и да се подготвам за двата натпревари. Но постојано слушаме вести за него но не знаеме нешто повеќе од другите“, вели Гризман.
 
Се очекува во следната сезона Гризман да има повпечатлива улога во тимот. Со заминувањето на Суарез тој ќе преземе поголема одговорност, а Куман му ветил дека ќе му даде нова улога и смета на него како на еден од клучните играчи.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе