Французинот нема намера да се врати во Мадрид

Гризман разочаран од однесувањето на Атлетико, решил со штрајк до трансфер во Барселона

Антоан Гризман го информирал раководството на Атлетико дека утре нема да се појави на тренинг, напаѓачот е убеден дека на еден или друг начин неговиот трансфер во Барселона ќе се реализира следната недела.

„Колчонероси“ вчера жестоко реагираа на изјавите на Жозеп Мариа Бартомеу, го обвинија првиот човек на Барселона дека лаже и порачаа дека нема да преговараат за продажба на Антоан Гризман, па „каталонците“ ќе мора да искешираат 120 милиони евра. 

Атлетико Мадрид исто така пренесе дека му се дадени инструкции на Антоан Гризман кој мора да се појави во недела на подготовките за новата сезона, или следува казна. 

Но ваквото однесување на клубот од „Ванда Метрополитано“ не поминало добро кај напаѓачот, според пишувањата на Марка, Французинот е разочаран и нема намера да се врати во Мадрид. 

Тој веќе ги известил лидерите на клубот дека нема да се појави утре на тренинг. Антоан Гризман е убеден дека на еден или друг начин неговиот трансфер ќе се реализира следната недела. Доколку Атлетико не покаже волја за преговори, Барселона ќе ја актиира откупната клаузула.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе