Напаѓачот бара нов предизвик

Гризман потврди дека заминува од Атлетико: Одлуката е болна, но морам да тргнам по овој пат

Антоан Гризман соопшти дека заминува од Мадрид, Французинот вели дека мора да тргне по овој пат и покрај тоа што одлуката за напуштање на Атлетико е болна.

Вечерва речиси сите медиуми од Шпанија пренесоа дека Антоан Гризман го известил раководството на Атлетико Мадрид дека заминува. Самиот Французин сега ја потврди одлуката во видео порака која беше постирана на веб страната на „колчонероси“ и на социјалните мрежи. 

„Здраво на сите. Откако разговарав со Чоло, со Мигел Анхел (Хил Марин) и луѓето од управата, сакав да ви се обратам и на вам, на фановите, на луѓето кои ми дадоа многу љубов. Сакам да ве известам дека донесов одлука да заминам, да искусам нова авантура и нов предизвик. Одлуката да тргнам по овој пат е болна, но чувствувам дека морам да го направам ова. Сакам да ви се заблагодарам за поддршката и љубовта која ми дадовте изминативе пет години кога за прв пат стигнав до трофеи и важни титули со еден клуб. Имаше неверојатни моменти кои ќе ги паметам цел живот. Има посебно место за вас во моето срце“ - порача напаѓачот. 

Антоан Гризман стигна во Атлетико Мадрид во 2014 за 30 милиони евра и сега се очекува да замине за околу 120 милиони евра, колку што ќе изнесува неговата откупна клаузула од 1. јули. Од неговиот трансфер ќе се офајди и Реал Сосиедад, се верува дека ним им следуваат 20%.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе