Работат на подобрување на односот

Гризман открива дека не зборува со Меси: Тешко е...

Антоан Гризман открива дека има премала комуникација со колегата од нападот и првата ѕвезда на Барса Лео Меси, вели дека двајцата се тип на луѓе кои не зборуваат многу па тоа го отежнува односот.

Французинот изминатово лето направи голем трансфер на Камп Ноу вреден 120 милиони евра и се шпекулира дека неколку играчи од Барсa се противеле. Наводно помеѓу „бунтовниците“ бил и Лео Меси, кој има замерки за начинот на кој Антоан Гризман ги одби „каталонците“ пред 12 месеци, а и преферирал ова лето да се врати Нејмар.

Неодамна Антоан Гризман призна дека порака за добредојде добил од Луис Суарез, но не и од вториот партнер во нападот, Лео Меси. Поради повредата на Аргентинецот, двајцата нема многу прилика да комибинираат во форот за да се види како тие ќе се разбираат на теренот.

Во пресрет не дуелот со Интер во Лигата на шампионите, Антоан Гризман се појави на прес и проговори за односот со Лео Меси. 

„Меси не е човек кој зборува многу, таков карактер сум и јас... па тешко е“ - вели Французинот. „Веќе му донесов мате, па мислам дека одиме во права насока“. 

„Но тој се повреди во неколку наврати, па тешко е да креираме конекција и разбирање. Ние сме двајца добри момци, и јас сум тука да му помогнам на тимот“.

Антоан Гризман е свесен дека се уште не е на потребново ниво, и дека може и треба да понуди повеќе. 

„Потребно е да се подобрам, особено моите движења, повеќе да се вклучувам во играта. Се чувствувам добро, имам самодоверба, секако дека ми недостигаат одредени работи за луѓето да го видат најдоброто од мене, но на прав пат сум“.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе