Лига на нации

Гризман му испрати порака на Куман: Дешам знае на која позиција да ме игра

Антоан Гризман одигра одличен меч против Хрватска, а по натпреварот имаше пофалби за Дешамп за позицијата која му ја дал и довербата која ја има, нешто што не е случај во Барселона.

Гризман се мачи на почетокот од сезоната во Барселона, но не е така и во француската репрезентација. На синоќешниот меч во Хрватска тој постигна гол и беше еден од најдобрите на теренот.

„Тоа беше тежок меч, не можевме добро да ја развиеме играта, теренот беше бавен, а противникот навистина сакаше да дојде до трите бода. Но најважно е што дојдовме до победата“, вели Гризман.

„Мислам дека постигнав многу убав гол. Топката дојде до мене, се обидов да ја удрам убаво и да постигнам погодок. Се чувствувам добро поради голот. Тренерот знае каде да ме стави да играм па го искористив тоа и довербата која во мене ја имаат тренерот и соиграчите“.

Ваквата изјава на Гризман многумина ја оценија дека е индиректна порака за Куман дека Холанѓанецот не знае како да го извади најдоброто од францускиот фудбалер.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе