Барселона, ПСЖ и Манчестер јунајтед ќе се борат за неговиот потпис

Гризман е на попуст од 1. јули, ќе биде поевтин за 80 милиони евра

Антоан Гризман најверојатно ќе го напушти Атлетико Мадрид во летниот преоден рок, неколку големи клубови се заинтересирани за неговиот потпис. 

На 1 јули цената на Гризман ќе падне за цели 80 милиони евра. Неговата откупна клаузула која во моментов изнесува 200 милиони евра, според договорот со Атлетико Мадрид од 1 јули таа ќе биде 120 милиони евра.
 
Секој оној кој ќе ја плати откупната клаузула ќе може да го добие Гризман, па Французинот се чини дека ќе има слатки маки да ја одбере следната дестинација.
 
Весникот „АС“ пишува дека Гризман сега има цврста намера да си замине од Атлетико Мадрид и овој пат сигурно ќе го направи тоа. 
 
Се верува дека има сериозен интерес од три клуба, Барселона, ПСЖ и Манчестер јунајтед.
 

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе