Се подготвува најскапиот трансфер во Англија

Грилиш ќе го симне Погба од тронот доколку Астон Вила ја прифати понудата, Сити на маса стави 100 милиони

Манчестер Сити доставил конкретна понуда до Астон Вила за трансфер на Џек Грилиш, „граѓаните" на маса ставиле 100 милиони фунти за услугите на репрезентативецот на Англија.

Рекордниот трансфер на Пол Погба од 89 милиони фунти е пред уривање, Џек Грилиш е на добар пат да стане најскап фудбалер во Премиерлигата.

Весникот Телеграф попладнево пренесе дека Манчестер Сити доставил конкретна понуда до Астон Вила. Џек Грилиш е приоритет на Пеп Гвардиола, па „граѓаните“ нема да штедат и на маса ставиле 100 милиони фунти.

Се верува дека Астон Вила нема да може да одолеа на ваква сума, особено доколку Џек Грилиш изрази желба да напредува во кариерата и да заигра во клуб со кој ќе се бори за титула во Премиерлигата и Лигата на шампиони.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе