„Ѓаволите“ се главни во Манчестер

Грешките на Едерсон скапо платени, Јунајтед по 10 години го доби Сити и дома и во гости (ВИДЕО)

Оле Гунар Солшер одново го надмудри Пеп Гвардиола, Манчестер јунајтед вечерва со 1-0 го совлада Манчестер Сити и за прв пат по сезоната 2009/2010 ги доби двата натпревари против градскиот ривал во Премиерлигата.

Манчестер јунајтед и по трет пат сезонава го победи Манчестер Сити, вечерва на Олд Трафорд во Премиерлигата, „ѓаволите“ триумфираа со 2-0.

Во возбудлив натпревар со голема борба, клучниот момент се случи по половина час игра. Бруно Фернандеш итро изведе слободен удар, ја префрли топката преку живиот ѕид и му намести топка на Мерсијал, кој без многу мислење биеше по земја на првата статива и го матираше Едерсон.

Двата тима потоа пропуштија убави шанси, а за вториот гол се чекаше дури до 96. минута. Во последните секунди од мечот Едерсон лошо фрли една топка кон Менди, Мектоминеј убаво следеше, прв стигна и од далечина ја затресе празната мрежа за голема радост на Олд Трафорд.

Со овој триумф, Оле Гунар Солшер стана првиот тренер по Сер Алекс Фергусон кој го добил двомечот со Манчестер Сити во Премиерлигата. Претходно, легендарниот Шкот ги преслуша „гаѓаните“ и дома и во гости во сезоната 2009/10.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе