ЕВРО 2020

Грција упати жалба до УЕФА за македонските дресови на ЕП

Пред самиот старт на Европското првенство, Грците се пожалиле до УЕФА за логото на ФФМ кое се наоѓа на дресовите на македонската репрезентација. 

Грција не е на Европското првенство, но најде начин како да учествува во него, Грците се пожалија до УЕФА за македонскиот дрес.
 
Неколку часа пред почетокот на Европското првенство, грчкиот министер за спорт, Лефтерис Авгенакис испратил писмо со жалба до претседателот на УЕФА, Александер Чеферин за логото на ФФМ кое се наоѓа на македонските дресови.
 
На Грците им смета тоа што ФФМ е кратенка од Фудбалска федерација на Македонија. Според нив тоа е спротивно на договорот помеѓу двете земји потпшан во 2018 година. 
 
Во жалбеното писмо тие велат дека може да стои СМ (Северна Македонија) или РСП (Република Северна Македонија), но не и ФФМ.
 
Слично жалбено писмо испратил и грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас до неговиот колега од Македонија. 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе