ПРОМОТИВНО ВИДЕО ЗА СКОПЈЕ ПРЕД ГОЛЕМИОТ СПОРТСКИ НАСТАН

Град Скопје им ги презентира убавините на странските навивачи кои ќе дојдат на Суперкупот (ВИДЕО)

Градот Скопје изработи промотивно видео како информатор за туристите кои ќе ги има во огромен број за време на Суперкупот кој на 8. август ќе се оддржи на Арената „Филип Втори“.

Скопје се подготвува за големиот спортски настан, градот ќе прими повеќе од 20.000 странски навивачи, што е најголема бројка до сега. Институциите се обидуваат со промотивни видеа да го поправат впечатокот на фановите кои беа револтирани од високите цени на хотелите.
 
„Градот Скопје е подготвен за одржувањето на Суперкупот на УЕФА, кој ќе се одржи на 8 август во Скопје на националната арена „Филип Втори“. На овогодинешниот Суперкуп силите ќе ги одмерат двата најголеми фудбалски клубови во светот, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. За таа цел изработивме промотивно видео на англиски јазик, чијашто цел ќе биде информирање на туристите и промовирање на убавините на Скопје, пишува Трајановски на „Фејсбук“ - информира градоначалникот Коце Трајановски.
 
 
УЕФА Суперкупот на кој ќе настапат Реал Мадрид и Манчестер јунајтед е најголемиот спортски настан кој се случил во историјата на нашата земја.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе