Пет години од успехот на „каталонците“ во Берлин и тројната круна

Говорот со кој Енрике ја мотивирал Барса пред финале во ЛШ: Денеска најтешко е да си фудбалер на Јувентус!

Луис Енрике откри каков мотивационен говор им одржал на фудбалерите на Барселона пред финалето од Лигата на шампиони против Јувентус во 2015, стратегот извлекол неколку насмевки.

На овој ден пред пет години, Барселона се сретна со Јувентус во Берлин во завршницата од најелитното европско натпреварување. „Каталонците“ славеа со 3-1 и стигнаа до нова тројна круна откако претходно триумфираа во Ла Лига и Купот на Шпанија.

Во разговор со ТВ каналот на Барса, Луис Енрике сподели детали од случувањата на Олимпискиот стадион, како и во часовите пред големиот натпревар.

„Сакав да им кажам нешто за да ги мотивирам, или барем верував дека ќе успеам да ги мотивирам. Ги прашав што е најлошата работа која може да ни се случи во финалето? Чави и Алвеш, ветераните во соблекувалната, одговорија, „Да  не бидеме доследни на нашиот стил“. Јас им одговорив, „Најлошо што може да ви се случи е да бидете играч на Јувентус и да треба да играте против Барса, да треба да ги чувате Саурез, Нејмар, Меси, Иниеста, Бускетс... да треба да ги поминете Пике и Маскерано, да треба да му дадете гол на Тер Штеген. Замислете како им е на нив кога им кажуваат дека за противник ја имаат Барса, сигурно го наполниле гаќите од помислата против кого ќе играат“. Барем изнудив неколку насмевки а потоа квалитетот ја направи разликата“ – раскажува Луис Енрике.

„Тоа беше незаборавно финале, никогаш не сум бил толку нервозен во мојот живот, ниту како играч, ниту како тренер“.

„Но во исто време чувството е неописливо, тешко е да се објасни што значи да се освои Лигата на шампиони и тројната круна. Најубаво е кога ќе видите колку многу луѓе сте направиле среќни“.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе