Баерн Минхен

Горецка стави потпис на нов договор со Баерн Минхен

Германскиот репрезентативец, Леон Горецка ја завери својата иднина кон Баерн Минхен откако потпиша нов договор со трајност до 2026 година. 

Горецка стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина отако денеска потпиша нов договор со германскиот гигант.
 
Тој се поврзуваше со неколку клубови, најмногу со Манчестер јунајтед, но тие шпекулации сега може да престанат.
 
„Со Баерн Минхен освоивме се што можеше да се освои во изминатите три години, но уште поубаво е кога со нови титули го потврдуваш и повторуваш тој успеех. Сакаме тоа да го правиме во наредните години. Ова опкружување не е само високо професионално, туку е и како фамилија. Многу сум среќен што можев да го продолжам мојот договор до 2026 година“, изјави Горецка.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе