Војната меѓу двајцата фудбалери продолжува

Гонзалез го нарече Нејмар ѓубре: Моите родители секогаш ме учеа да го фрлам ѓубрето! (ФОТО)

Дуелите меѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј веќе носат и индивидуална војна меѓу Нејмар и Алваро Гонзалез која трае од минатиот нивен меѓусебен натпревар.

Минатиот септември Нејмар беше исклучен откако го удри Гонзалез во глава, тогаш Бразилецот го обвини Шпанецот дека расистички го навредувал и рече: „Единствено што жалам е дека не го удрив тоа копиле по лицето“.

Гонзалез ги негираше обвинувањата од Нејмар и му порача да научи како да губи и да го прифати тоа на теренот.

Француската федерација го истражуваше тогаш инцидентот и утврди дека немало расизам. Никој не беше казнет.

Синоќа двајцата имаа нов инцидент. Гонзалез неколку пати го фаулираше Нејмар, вклучувајќи го и моментот кога му ја стави раката на лицето.

По натпреварот Нејмар постираше слика на твитер и директно го прозва Гонзалез.

Играчот на Марсеј брзо одговори: „Моите родители секогаш ме учеа да го фрлам ѓубрето. Напред Олимпик Марсеј секогаш“.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе