Легендарниот Занети им раскажува на своите деца за Пандев

Голот на Пандев против Милан мора да го знаат и децата на Занети (ВИДЕО)

Легендарниот капитен на Интер, Хавиер Занети вели дека со своите деца ги гледаат старите натпревари на нероазурите и им ги објаснува деталите со цел да ја научат историјата на клубот. 

Хавиер Занети е вистинска легенда на Интер, тој како капитен го предводеше тимот до историјата тројна круна.
 
Занети се потсетува на победата над Милан од 2-0 во која вториот гол беше дело на Горан Пандев.
 
„Имам три деца, Сол, Игнасио и Томас. Понекогаш овој период попладне знаеме заедно да седнеме на креветот и да гледаме натпревари од 2010. Пред неколку дена ја гледавме нашата победа од 2-0 во дербито на Милано и на Томи кој никогаш не ме гледал како играм му велам: „Види што прави Милито“ или „Види го овој слободен удар на Пандев“, и потоа сите ќе се гушнеме. Тој има осум години и ја учи нашата историја“, открива Занети.
 
Голот на Пандев кој Занети им го раскажувал на децата:
 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе