Серија А

Голот на Пандев недоволен, Несторовски и Удинезе со триумф и три бода си заминаа од Џенова (ВИДЕО)

Илија Несторовски го доби македонскиот дуел во Серија А попладнево, Џенова поведе преку прекрасниот гол на Горан Пандев, но во продолжението од мечот, Удинезе три пати ја тресеше мрежата и си замина со триумф од 1-3.

Горан Пандев се разигра по пристигнувањето на Тијаго Мота, денеска го постигна вториот гол во последните три меча. За жал, неговиот погодок попладнево не беше доволен и Џенова на крајот загуби.

Македонецот го отвори резултатот во 22. минута, тој два пати убаво проигра со Куаме и потоа неодбранливо биеше за 1-0. Сепак, десет минути подоцна, Несторовски му асистираше на Де Паул, кој испрати проектил во аголот од 20 метри и изедначи на 1-1.

И кога се чинеше дека бодовите ќе бидат поделени, Сема искористи една прилика во 87. минута и донесе предност за Удинезе, а длабоко во судиското надополнување, Лазања погоди за конечни 1-3.

Во Верона, домаќините триумфираа со 2-1 над Бреша во натпревар кој го одбележа голем инцидент. Марио Балотели доби расистички навреди па ја шутна топката кон трибини и нервозно тргна да го напушти теренот. Откако беше смирен од соиграчите, а судијата го прекина мечот за да се прочита соопштение, играта продолжи. Во тие моменти, Верона имаше предност од 1-0, кратко потоа зголеми на 2-0, а Балотели со прекрасен гол од далечина саммо го ублажи поразот.

На третиот натпревар од 15 часот, Лече и Сасуоло одиграа 2-2. На првиот денешен натпревар, Каљари со 0-2 славеше на гостувањето кај Аталанта.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе