Реал Мадрид со пет победи во низа во Ла Лига пристигна како голем фаворит на „Мануел Мартинез Валеро“, но „кралевите“ разочарани се враќаат дома.
Лука Модриќ по 20 минути игра донесе предност за гостите, актуелниот шампион го контролираше натпреварот во првото полувреме и се чинеше дека ќе прокнижи нови три бода.
Сепак, на стартот од вториот дел, Карвахал го собори Бараган, судјијата покажа на белата точка а Фидел го матираше Куртоа за 1-1.
Избраниците на Зинедин Зидан се обидоа да се вратат во предност, во финишот од мечот Рамос играше како напаѓач, но резултатот остана непроменет.
Па Реал Мадрид го остави Атлетико Мадрид осамен на врвот, „колчонероси“ ја завршија годината со +2 но предноста може да биде многу повисока, избраниците на Симеоне имаат два натпревари помалку.