Французинот на погрешно место во право време

Голот на Менди со кој Реал Мадрид победи против Аталанта е постигнат по грешка

Зинедин Зидан вели дека акцијата со која Реал Мадрид постигна гол против Аталанта била вежбана на тренинзите, и со насмевка на лицето додава дека Менди не бил тој што требал да шутира.

Реал Мадрид синоќа славеше со 0-1 на гостувањето во Бергамо. „Кралевите“ долго време играа со играч повеќе но го постигнаа голот дури во финишот од мечот.

По еден корнер, Крос кратко го проигра Модриќ, кој потоа ја додаде токата до Менди, а Французинот од врвот на шеснаесетникот со својата послба десна нога убаво пласираше крај стативата за голема радост.

По крајот на натпреварот, Зинедин Зидан рече дека оваа акција била вежбана на тренинзите, но голот паднал по грешка бидејќи Менди не бил тој што требал да шутира.

„Ова беше воиграна акција, но Менди не беше тој што требаше да финишира“ - рече тренерот на Реал Мадрид со насмевка на лицето.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе