Серија А

Голот на Кјелини вреден три бода за Јувентус на гостувањето кај Парма (ВИДЕО)

Јувентус ја започна одбраната на титулата со минимална победа од 1-0 на гостувањето кај Парма, голот вреден три бода беше дело на Џорџо Кјелини.

„Старата дама“ со цел плен си замина од „Енио Тардини“. Без Сари на клупата, Јувентус забележа минимална победа од 1-0.

Стрелец на голот вреден три бода беше Џорџо Кјелини. Искусниот дефанзивец најдобро се снајде по една мешаница и ја затресе мрежата во 21. минута од мечот.

Пред крајот на првиот дел, и Кристијано Роналдо погоди, но голот на ЦР7 беше поништен со ВАР поради минимален офсајд.

Во продолжението од мечот, двете страни имаа свои прилики, но мрежите мируваа.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе