Беше суспендиран на 9 месеци поради паднат допинг тест

Голманот на Ајакс си ја отвори душата: Неверојатно е како апче од 40 мг може да ви ја уништи кариерата, животот...

Голманот на Ајакс, Андре Онана проговори за паднатниот допинг тест и суспензијата од девет месеци, мало невнимание и грешно апче за малку ќе му ја уништеше кариерата и животот.

Како дете, со помош на Самуел Ето, Андре Онана стана дел од школата на Барселона, а потоа се пресели во Ајакс, каде се промовираше во еден од најперспективните голмани во Европа.

Сепак, на почетокот од годината неговата кариера доби неочекуван правец, паднал на допинг тест и доби суспензија од една година, која подоцна беше намалена на 9 месеци.

Минатиот месец, Андре Онана се врати помеѓу стативите и во разговор со Марка сега си ја отвори душата.

„Се вративме од гостување кај Аталанта, одигравме реми (2-2), натпреварот беше прилично напорен. Се вративме во раните утрински часови, и кога се разбудив, ме болеше главата. Станав да се напијам апче кое ми го препиша докторот (Литакол), но мојата сопруга, која неодамна се породи, имаше слични апчиња (Ласимак) и јас по грешка земав од нејзините. Тој ден јаз бев првиот играч кој замина на допонг тест. Еден месец подоцона, ме известија дека сум позитивен. Му кажав на докторот, „Сигурно е грешка, имам направено повеќе од 23 теста во кариерата“. Кога ми кажаа дека сум позитивен на „фуросемид“, ги прашав, „Што е тоа?“. Тогаш мојата сопруга ми откри дека тоа се апчињата што и ги препишал нејзиниот доктор“ – вели Онана.

„УЕФА призна дека сум направил ненамерна грешка, дека апчињата не ги подобруваат перформансите. Но животот и фудбалот не се лесни. Овие грешки се санкционираат, и морав да платам. Учите од грешките, па сакам да ги советувам сите елитни спортисти да внимаваат. Одговорни сте за се што внесувате во вашето тело. Доколку пиете загадена вода, тоа е ваша вина. Тешко е да се прифати ова, но таков е законот и мора да ја одлежите казната“.

„Бев позитивен и покрај тоа што не се допингував. Бев во врвот на мојата кариера. Четири пати бев избран за најдобар голман во Холандија, бев помеѓу најдобрите во светот... Па зошто да земам допинг?“.

„Не можев да тренирам со сертифициран тренер! Морав да се снаоѓам за да преживеам. Имам тим од 17 луѓе за да ми помогнат да останам во топ форма. Не беше лесно, но со помош на Бог, успеав“.

„Неверојатно е како апче од 40 милиграми може да ви ја уништи кариерата, да ви го уништи животот, да остави дамка... Ми беше тешко од психолошки аспехт. Си мислев, „Како да им кажам на родителите дека сум позитивен на допинг тест кога во животот немам запалено цигара, се немам напиено алкохол...“ Направив една глупава грешка, а беа кажани еден куп работи“.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе