Премиерлига

Голманот Фостер го почасти Арсенал со три бода (ВИДЕО)

Арсенал дојде до тешка победа од гостувањето кај Ватфорд иако почетокот на мечот наговестуваше дека лесно ќе дојдат до трите бода. 

Трагичар на Ватфорд е нивниот голмам, Фостер кој во 10. минута направи огромна грешка по која Обамејанг постигна гол за водство на Арсенал од 1-0.
 
Во следната минута Дини заработи директен црвен картон поради удар со лакт, впечаток е дека судијата престрого го исклучи играчот на Ватфорд.
 
И покрај тоа што имаа играч повеќе, Арсенал не успеа да постигне уште некој гол и предвреме да го реши мечот, напротив се мачеше до самиот крај.
 
Ватфорд имаше неколку шанси за изедначување, еднаш ја погодија и пречката, а во една ситуација го поминаа и голманот Лено, но не успеаа да реализираат.
 
На крајот Арсенал може да биде презадоволен со трите бода кои се многу важни во трката за позициите кои водат во Лигата на шампионите.
 
Арсенал по оваа победа е на четвртото место со 66 бода колку што има и Челси на петтата позиција, но топчиите имаат и натпревар помалку.
 

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе