Се пофали и со специјална „Меси“ клаузула

Голман во стилот на „лудакот“ Бјелса: Подготвен сум да си исечам прст ако тоа значи враќање на Меси во Њуелс!

Аргентинскиот голман Науел Гузман откри дека во неговиот договор има специјална клаузула поврзана со Лео Меси, и вели дека е подготвен да си исече прст доколку тоа значи враќање на напаѓачот во Њуелс.

Низ медиумите често има гласини за тоа дека Лео Меси може да замине од Барселона само поради Њуелс, и дека Аргентинецот пред крајот на кариерата би можел одново да го облече дресот на својот прв клуб.

Голманот Науел Гузман е еден од многубројните фудбалски фанатици во Аргентина кои сонуваат за вакво сценарио, тој дури има и специјална „Меси“ клаузула. Кога потпишал за мексиканскиот Тигрес, побарал да не му прават проблем за трансфер во Њуелс доколку Лео реши да се врати дома.

„Кога им ја предложив клаузулата, веднаш ја прифатија. Ќе дозволат трансфе во Њуелс доколку Меси се врати“ – раскажува Гузман во разговор со ТиК Спортс.

Запрашан што би сторил за Лео Меси да се пензионира во дресот на Њуелс, тој порача: „Како што Бјелса кажа (пред лутото дерби помеѓу Њуелс Олд Бојс и Росарио Сентрал во 1990), подготвен сум да си исечам прст!“

„Би сакал тој да се врати во Њуелс, но знам дека ќе биде тешко“.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе