КОНКАКАФ Лига на шампиони

Голман даде гол во 94. минута и го однесе својот тим во четвртфинале! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тигрес се пласираа во четвртфиналето од КОНКАКАФ Лигата на шампионите благодарение на гол на нивниот голман во 94. минута!

Чудесен крај имаше реванш мечот меѓу Тигрес и Алианца. Гостите во Мексико допатуваа со победа од 2-1 по првиот натпревар.

Тигрес имаа фуриозен почеток на мечот, водеа со 3-0 по 23. минути игра, но гостите намалија на 3-2.

Тој резултат беше актуелен и во судиското продолжение, им одговараше на гостите поради два постигнати гола, па при последниот слободен удар голманот Гузман се префрли во шеснаесетникот на противникот.

При еден центаршут, Гузман погоди со глава за победа од 4-2, ерупција на стадионот и пласман на Тигрес во четвртфиналето од КОНКАКАФ Лигата на шампионите.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе