Лига на нации

Големиот меч меѓу Македонија и Косово најверојатно ќе се игра без публика

УЕФА размислува во насока натпреварите од Лигата на нации да се играат без публика, тврди францускиот весник „Л'Екип“. 

Натпреварот од полуфиналето во Лигата на нации меѓу Македонија и Косово кој треба да се игра во октомври, најверојатно ќе биде без публика.
 
Поради ситуацијата со коронавирусот УЕФА не сака да ризикува да дозволи натпреварите под нејзина капа да се играат со гледачи.
 
За наесен се прогнозира нов бран на ковид-19, ситуацијата нема да биде подобра отколку што е сега, па речиси сигурно е дека пред празни трибини ќе се игра значајниот натпревар за нашата репрезентација.
 
„Л'Екип“ дознава дека размислувањата на УЕФА одат во таа насока и само прашање на време е кога европската куќа на фудбалот и официјално ќе ја соопшти оваа информација.
 
Мечот меѓу Македонија и Косово првично требаше да се игра во март, но по неколку одложувања конечниот термин е 8 октомври. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе