Горан Пандев и Џенова ја остварија можеби најзначајната победа оваа сезона откако со 2-1 го победија директниот ривал за опстанок Лече и му се одлепија со четири бода.
Горан Пандев беше стартер на мечот, од игра излезе во 90. минута од натпреварот.
Џенова поведе со гол на Санабрија во седмата минута, пред крајот на првиот дел Лече промаши пенал, Манкосу биеше над голот.
Но тој се поправи во 60. минута кога постигна гол за израмнување на резултатот, сепак во 81. минута Џенова постигна среќен гол, топката од стативата се одби во голманот Габриел и заврши во неговата мрежа за водство и победа на Џенова од 2-1.
Дуелот меѓу Наполи и Удинезе беше и меч помеѓу Елиф Елмас и Илија Несторовски.
Несторовски ги одигра сите 90. минути, а Елмас почна од клупата, во игра влезе во 80. минута од натпреварот.
Несторовски постигна го во воведниот дел од мечот, но му беше поништен поради офсајд.
Удинезе поведе со гол на Де Пол во 22. минута, десет минути подоцна Милик изедначи на 1-1. Кога се мислеше дека така и ќе заврши мечот, Политано постигна прекрасен гол во 94. минута за победа на Наполи од 2-1.