Бројките сигурно ќе пораснат

Голема трагедија во Индонезија, преку 174 мртви во фудбалско стампедо

Голема трагедија на фудбалски натпревар во Индонезија, најмалку 174 мртви во стампедо откако полицијата фрлила солзавец за да ги спречи нередите по последниот свиреж.

Дуелот помеѓу Арена и Перебаја во Индонезија ја донесе една од поголемите фудбалски трагедии, последните информации велат дека најмалку 174 луѓе го загубиле животот.

По последниот свиреж на судијата, голем број на домашни фанови влегле на теренот незадоволни од поразот на нивниот тим.

Полицијата интервенирала, почнала да фрла солзавец кон трибините, па луѓето почнале да бегаат, настанало стампедо и огромен хаос.

Бројот на жртвите сигурно ќе порасне, полицијата брифира за 180 повредени, и на голем дел од нив здравствената состојба им се влошува.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе