Македонецот ќе ја има улогата на легендарниот Пирло

Голема промена за Пандев на 36 години, во новата сезона ќе биде „реџиста“: Соиграчите ме задеваат, велат дека не можам да трчам

Тренерот на Џенова Аурелио Андреацоли му додели нова улога на Горан Пандев, Македонецот е прекомандуван во средниот ред и ќе биде креатор на играта и задолжен за разигрување на соиграчите.

Горан Пандев е пред голем предизвик оваа сезона, на 36 години тој доби нова улога и во новата сезона ќе треба да биде „реџиста“. Тренерот Аурелио Андреацоли го прекомандува Македонецот во средниот ред и тој ќе биде креатор на играта и задолжен за разигрување на соиграчите.

„Како дојде до оваа идеа? Ќе треба да го прашате тренерот“ - вели со насмевка на лицето Горан Пандев во разговор со Ил Секоло. „Пред неколку дена разговаравме и ми објасни што бара од мене. На почетокот ми беше чудно бидејќи цела кариера играм во нападот. Всушност ми се допаѓа тоа да бидам во срцето на играта, но проблем е што за ова треба голем капацитет а јас веќе сум во поодминати години“.

„Моите соиграчи ме исмеваат, ме задаваат, велат дека не можам да трчам, дека сакам да бидам како Пирло (се смее). Кога играте како „реџиста“ имате многу допири со топката, постојано треба да мислите каде да ја додадете. Ја преферирам улогата на напаѓач, мислите само на една работа, како да постигнете гол. Само се шегувам...“.

Запрашан дали се кае што не отишол во пензија и решил да продолжи, Македонецот додава: „Не, во ниту еден момент. Признавам дека размислував за крај на кариерата, но Џенова ми понуди уште една година и среќен сум и горд што ми беше укажана доверба. Ќе видиме што понатаму по крајот на оваа сезона“.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе