Лига на шампиони

Голема победа на Барселона, магичен гол на Меси, Ливерпул може да жали! (ВИДЕО)

Барселона со убедливи 3-0 го победи Ливерпул во првата полуфинална пресметка, црвените на Енфилд одиграа многу добар меч, но шпанскиот шампион е речиси во финалето.

Барселона го победи Ливерпул со три голови разлика, Лео Меси ја направи разликата, Јирген Клоп може да жали бидејќи неговите фудбалери имаа и игра, и шанси но не успеаа да постигнат гол.
 
Натпреварот почна офанзивно уште од самиот старт, Ливерпул не дојде на Камп Ноу да се брани, туку да постигне гол во гости, но не успеа. Барселона не блескаше, но го имаше Меси.
 
Резултатот беше отворен во 26. минута кога Луис Суарез постигна гол против својот поранешен тим за водство на Барселона од 1-0.
 
Само десет минути подоцна можеше Ливерпул да израмни, но Мане од идеална позиција шутираше над голот.
 
Во вториот дел Ливерпул тргна уште поофанзивно, Милнер шутираше во Тер Штеген, а потоа се закани и Салах со шут од далечина, но голманот на Барселона и овој пат беше поуспешен.
 
Се редеа нападите на Ливерпул кој доминираше на теренот, но во 75. минута 2-0 за Барселона. Суарез шутна во пречката, топката се одби до Меси кој даде за нова ерупција на Камп Ноу.
 
Само седум минути подоцна фантастичен гол на Меси, идеално изведен слободен удар, 600. гол на Аргентинецот во кариерата за водство на Барселона од 3-0.
 
Веднаш потоа Ливерпул пропушти фантастична шанса да даде гол, Фирмино шутираше, топката се одби до Салах кој од идеална позиција ја погоди стативата.
 
На крајот Барселона се радува на голема победа, а на Ливерпул во реваншот ќе му биде потребно чудо за пласман во финалето.
 

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе