На четири кола до крајот

Голема победа на Алиоски и Лидс во битката за влез во Премиерлигата

Лидс со 1-0 славеа над регионалниот ривал Шефилд Венздеј и се зацврстија на втората позиција во Чемпионшип која води во Премиерлигата.

Алиоски ги одигра сите 90 минути во многу важен триумф за остварување на целта, пласман во Премиерлигата.
 
Лидс беше доминантен во текот на целиот меч, имаа дури 29 шутеви кон голот на Шефилд Венздеј, но само еднаш погодија, а тоа беше доволно за победа.
 
Клучниот момент се случи во 65. минута кога Хернандез асистираше до Харисон а даде убав гол за победа од 1-0.
 
Нивниот главен конкурент за второто место, Шефилд јунајтед одигра само 1-1 на свој терен против Милвол, па така Лидс има три бода предност пред нив на табелата. До крајот остануваат уште четири кола.
 

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе

Додека Бугарите се убедуваат себеси и нас дека Гоце Делчев бил Бугарин, да се потсетиме на некои од Гоцевите искажувања, кои ја одразуваат неговата големина и неговото визионерство.

повеќе