Прв трофеј во Италија за нашиот фудбалер

Голема ноќ за Елмас, Наполи го победи Јувентус и го освои купот на Италија (ВИДЕО)

Наполи со 4-2 на пенали го победи Јувентус во финалето од Купот на Италија, Елиф Елмас го освои својот прв голем трофеј со Наполитанците. 

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас се радува на првиот трофеј во Италија, Наполи подобро изведуваше пенали од Јувентус, натпреварот во регуларниот тек заврши без голови.
 
Елмас мечот го почна од клупата за резерви, во игра влезе во 87. минута но имаше огромна шанса да ја донесе победата на Наполи уште во регуларниот дел.
 
Нашиот фудбалер во 93. минута шутираше од 2-3 метри, Буфон рефлексно го одбрани неговиот удар, а топката заврши во стативата. Многу малку фалеше Елмас да биде херој.
 
Пенал серијата почна лошо за Јувентус, Мерет му одбрани на Дибала, а Данило шутираше над голот, потоа погодија Бонучи и Ремзи. Но Наполи шутираше перфектно, реализираа Инсиње, Политано, Максимовиќ и Милик по што големото славје можеше да почне. Мечот беше решен пред последната серија во која требаше да шутира Роналдо.
 
Голема победа за Наполи, и момент кој вечно ќе го памети Елиф Елмас, покрај Горан Пандев тој е вториот наш фудбалер кој го освојува Купот на Италија. 

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе