Најцрните прогнози се остварија

Голем удар: Несторовски и Трајковски со Палермо исфрлени во трета лига!

Националниот федерален суд при Фудбалската федерација на Италија го прифати барањето на обвинителот и поради финансиски нерегуларности го казни Палермо на нашите Илија Несторовски и Александар Трајковски со преселба во Серија Ц.

Уште минатата недела беше објавено дека Илија Несторовски и Александар Трајковски со Палермо можат да завршат во трета лига и покрај тоа што цела сезона се борат за влез во елитата и обезбедија плеј-оф со финиш на третото место.

Најцрното сценарио беше потврдено денеска, националниот федерален суд при Фудбалската федерација на Италија немаше милост за „сицилијанците“ и го прифати барањето на обвинителот.

Поради финансиски нерегуларности, судијата одлучи Палермо да ја заврши сезоната како последнопласиран тим на табелата, што автоматски значи преселба во Серија Ц.

Палермо сега има рок од два дена да достави жалба, а одговор ќе добие во период од десет дена.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе