Премиерлига

Голем кикс на Манчестер Сити, само бод против ВБА (ВИДЕО)

Манчестер Сити влезе како огромен фаворит против Вест Бромвич но одигра само 1-1, тимот на Пеп Гвардиола имаше повеќе шанси, но топката не сакаше по вторпат да влезе. 

Манчестер Сити очекуваше сигурни три бода против ВБА, но не дојде до нив, загуби два откако одигра реми со тимот предводен од Славен Билиќ.
 
Домаќините поведоа во 30. минута со гол на Гундоган по асистенција од Стерлинг.
 
На две минути пред крајот на првото полувреме Диаш си постигна автогол за изедначување на 1-1.
 
Во вториот дел се играше цело време пред голот на ВБА, се редеа шанси, но мрежата на Џонстон не се затресе по вторпат.
 
Манчестер Сити остана на шестата позиција, но има еден заостанат меч, во однос на Челси кој има освоено два бода повеќе.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе