Гвардиола остана без првиот трофеј

Голем кикс на Аке, Лестер го совлада Сити во Комјунити Шилд (ВИДЕО)

Лестер со 1-0 го совлада Манчестер Сити во Комјунити Шилд, Аке направи голем кикс во финишот од мечот, Ихеначо од пенал донесе триумф за „лисиците".

Пеп Гвардиола го загуби првиот трофеј во новата сезона, вечерва, Лестер славеше против Манчестер Сити во Комјунити Шилд.

На Вембли, „лисиците“ стигнаа до триумф од 1-0 со гол од пенал во финишот од мечот. Аке киксираше на работ од шеснаесетникот, го собори Ихеначо во намерата да ја поправи грешката, а судијата со мало задоцнување покажа на белата точка.

Ихеначо ја превзеде одговорноста и погоди од 11 метри за големо славје на Лестер.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе