Напаѓачот потоа нервозно тргна да го напушти теренот

Голем инцидент во Верона, Балотели доби расистичи навреди па ја зеде топката и ја шутна кон трибини (ВИДЕО)

Мечот помеѓу Верона и Бреша неколку минути беше во преќин откако домашните навивачи на расна основа го навредуваа Марио Балотели кој потоа ја зеде топката и ја шутна кон трибини.

Марио Балотели е во центарот на скандал во Серија А. Напаѓачот попладнево на дуелот помеѓу Верона и Бреша доби расистички навреди од публиката, ова толку многу го погоди, што тој реши сред игра да ја земе топката во раце и да ја шутне кон трибини.

Потоа нервозно тргна да го напушти теренот, и играчите од двата табори го смируваа и убедуваа да продолжи. Како дел од протоколот, играта беше стопирана и беше прочитано соопштение со кое навивачите беа предупредени дека следен ваков испад ќе значи и привремена суспензија на мечот. {

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе