Наместо да се слави пласман во осминафинале, немили сцени

Голем инцидент во Лион: Магарето Марсело предизвика тепачка помеѓу играчите и навивачите (ВИДЕО)

Лион во драматична завршница обезбеди осминафинале во Лигата на шампионите, но по крајот на мечот се случи голем инцидент откако еден фан се симна на теренот со навредлив транспарент за дефанзивецот Марсело а капитенот Мемфис Депај тргна да се пресметува.

Во Групата Г, разврската во последното коло беше прилично драматична, три екипи имаа свои математики. На крајот, второто место на табелата му припадна на Лион, „лавовите“ се вратија од два гола негатива против РБ Лајпциг и стигнаа до бод кој значеше осминафинале во Лигата на шампионите.

Но наместо славје, дојде до тепачка и немили сцени. Проблемите настнаа кога еден навивач се симна на теренот и извади парола на која имаше нацртано магаре и стоеше пораката, „Марсело оди си“. Дефанзивецот подолго време не е во добар однос со ултрас навивачите, кои не сакаат Бразилецот повеќе да биде дел од тимот.

На ваквата провокација реагираше Мемфис Депај, кој ја носеше капитенската лента на овој меч. Кога Холанѓанецот ја забележа паролата, веднаш се стрча да се пресмета со натрапникот. Од трибините се симнаа уште навивачи, притрчаа и останатите играчи на Лион, настана голема мешаница но за среќа обезбедувањето не дозволи да се случи поголем инцидент.

„Вознемирен сум, бесен, не знам што да кажам...“ – вели Депај за Радио Монте Карло. „Дали знаете колку му е тешко на тимот кога знаеме дека еден од нас има проблеми со навивачите? Што очекувате од нас? Одиме да им се заблагодариме на навивачите за поддржката и тие кажуваат луди, луди работи за нечие семејство, за нечиј деца. Немам зборови... Ова нема никаква логика. Многу ми е тешко да останам смирен. Можете да видите од снимките како не плукаа. Никогаш не сум видел вакво нешто“.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе