На пресот пред мечот со Шкендија

Голем гест на Мурињо кон македонски новинар, ги воодушеви и Англичаните (ВИДЕО)

На прес конференцијата за мечот меѓу Шкендија и Тотнем, Жозе Мурињо имаше убав гест кон македонскиот новинар Игор Александровиќ кој имаше барање за Португалецот во чест на неговиот починат татко. 

Прес конференцијата на Тотнем за дуелот со Шкендија се одржа во Лондон, но прашања можеа да поставуваат и македонските новинари преку апликацијата „Зум“.
 
Англичаните нападнаа со прашања поврзани со случувањата во тимот на Тотнем, претежно беа за Деле Али за кого има шпекулации дека ќе замине во ПСЖ.
 
Откако англиските новинари завршија со прашањата, Мурињо замина за да му го отстапи местото на Винкс, но колегата од „ТВ Сонце“, Игор Александровиќ се пожали дека не можел да постави прашање и како неговиот починат татко бил голем фан на Жозе.
 
Администраторот на пресот му го кажа тоа на Мурињо а тој веднаш се врати во прес салата и го сослуша македонскиот новинар. Му вети дека ќе се слика со него во чест на неговиот татко и му одговори на прашањата.
 
На ваквиот гест на Мурињо беа воодушевени и англичаните.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе