ОСОМНИЧЕНИОТ Е РУСКИ БЕРЗАНСКИ ШПЕКУЛАНТ

Голем финансиски мотив стои зад нападот врз автобусот на Борусија Дортмунд

Германската полиција уапси едно лице кое го сомничи за нападот врз автобусот на Борусија Дортмун, не се работи за терористички напад, туку за обид да се влијае на падот на акциите на клубот со цел да се дојде до голем финансиски профит.

Утринава германската полиција го уапсила 28-годишниот Сергеј В. кој е жител на Германија но има руско потекло. Тој е осомничен за нападот на автобусот на Борусија Дортмунд.
 
Германскиот весник „Билд“ пишува дека не се работи за терористички напад, туку зад немилиот настан стои голем финансиски мотив.
 
Сергеј В. бил берзански шпекулант кој со нападот планирал да ги намали акциите на Борусија Дортмунд и така да заработи голема сума.
 
Осомничениот престојувал во истиот хотел како и тимот на Борусија Дортмунд, тој купил 15.000 продажни опции (која носи добивка кога вредноста на акцијата се намалува) за 78.000 евра поврзани со акциите на клубот. Хартиите од вредност имале рок до 17 јуни.
 
На почетокот на април подигнал кредит со кој во истиот ден на нападот ги купил продажните опции. Целта му била со нападот, доколку има повредени или загинати играчи, цените на акциите да паднат, а тој на берзата да добие голема финансиска добивка.
 
Сега тој е во притвор и се сомничи за обид за убиство на преку 20 членови на Борусија Дортмунд, фудбалерите и стручниот штаб.
 

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе