Клубот на Кире Лазаров сериозно се подготвува за Суперлигата

Голден Арт КЛ7 се засили со две имиња освојувачи на Лигата на шампионите

Клубот на Кире Лазаров, Голден Арт КЛ7 сериозно се подготвува за својата историска сезона во Суперлигата, сручниот штаб е засилен со две имиња од Вардар. 

Физиотерапевтот на Вардар, Димитар Маневски кој беше многу значаен дел и од двете титули во Лигата на шампионите се сели во Голден Арт КЛ7, со него во клубот на Кире Лазаров оди и Билјана Црвенкоска која му беше помошник на Парондо минатата сезона.
 
„Kвалитетен стручен кадар е фундамент во создавање на добри македонски играчи. За остварување на оваа идеја врз која се темели основањето на  ракометниот клуб  „Голден Арт КЛ 7" , во стручниот тим на клубот влегуваат две имиња кои имаат искуство како се станува европски шампион. 

Во професионалното зреење на клубот кој од следната сезона ќе го има своето суперлигашко деби ќе бидат ангажирани Димитар Маневски и Билјана Црвенкоска . И двајцата се со големо искуство секој во своето поле на дејствување. Маневски е дипломиран стручен физиотерапевт со специјалност кинезитерапија. Својата работа официјално ја започнува во фудбалски клубови продолжувајќи во ракометот. Најдобар во својата работа, потврда за ова се двете европски титули како и сите освоени медали на домашна и меѓународна сцена. Димитар е дел и од ракометната репрезентација на Македонија а во јавноста е познат како професионалец за пример. Неговиот ангажман ќе биде грижа за здравствениот биланс на ракометарите, присуство на тренинзи и натрпеварувања, давање насоки и инструкции на ракометарите, работа со повредени играчи, учество во рехабилитација заедно со целокупниот докторски тим, припрема за тренажен процес и превенција од повреди.
 
Билјана Црвенкоска 20 години беше активна ракометарка, репрезентативка, освојувач на лигата на шампиони како дел од стручен тим. Таа ја има највисоката македонска тренерска лиценца, професор е по физичка активност , спорт и фитнес администрација/ менаџмент. Силен професионалец кој има сестрана спортска едукација со најголем акцент на ракометот. Нејзиниот ангажман во „Голден Арт КЛ7“ ќе биде главен тренер на младинска и кадетска екипа како и помошник тренер на Андов Бошковски во првиот тим“, стои во соопштението на Голден Арт КЛ7.
 
Милчо Чакарески кои долги години беше спортски директор на сите македонски селекции, сега е спортски директор во Голден Арт КЛ7. Тој го потенцира сериозниот приод на клубот во пресрет на дебитантската сезона.
 
„Голден Арт КЛ 7, во пресрет на новата натпреварувачка сезона и предизвикот наречен Супер Лига, согласно своите стратегиски и развојни концепции темелени на сериозноста на своите инвестициски партнери, а пред се застапувајќи го брендот КЛ7 и неговата големина во светски рамки градејќи го тимот за сезоната 2020/21 како прв преземен чекор е јакнењето на стручниот штаб со два европски шампиони. Прв чекор е носењето на главноиот лик во делот на медицината и здравјето и двократниот европски шампион од редовите на Вардар, кој исто така истата задача ја има и во македонската репрезентација, г-динот Димитар Маневски. Второ засилување во нашиот стручен тим на местото прв помошник на шефот на стручен штаб Андон Бошковски е актуелниот европски првак, десната рака на Роберто Парондо, г-ца Билјана Црвенкоска, наша долгогодишна ракометна репрезентативка која исто така беше дел и од тимот на Раул Гонзалез. Со ова сакаме да покажеме дека ние како тим ќе вложуваме средства и максимален напор во стручни капацитети со цел на добивање квалитетни ракометари од македонско производство", вели Чакарески.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе