Лига Европа

Гол во 90. минута промени сè, Башакшехир прв, Рома едвај се протна и елиминација за лидерот во Бундеслигата! (ВИДЕО)

Последното коло во Лига Европа донесе драматична завршница во Групата Ј, еден гол во 90. минута му го донесе првото место на Башакшехир, Рома се протна на второто место а Борусија Менхенгладбах доживеа елиминација.

Заврши групната фаза од најмасовното европско натпреварување, мечевите од 21 часот ги решаваа последните патници а најинтересно беше во Групата Ј, каде сите четири екипи имаа свои шанси.

На крајот еден гол во 90. минута ја донесе разврската. Со погодокот на Кривели, Башакшехир стигна до триумф од 1-2 на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах и го осигура првото место. Благодарејќи на овој резултат Рома се протна во шеснаесетфинале и покрај тоа што одигра само 2-2 дома против Волфзбергер, а лидерот во Бундеслигата беше елиминиран.

Порто со 3-2 го совладаа Феенорд и си обезбеди нок-аут фаза, каде оди и Ренџерс по ремито од 1-1 против Јанг Бојс.

Манчестер јунајтед го потврди првото место во својата група со убедлива победа од 4-0 против АЗ Алкмар, а Партизан го заврши настапот со триумф од 4-1 над Астана.

Резултати:

Рома - Волфзбергер 2:2
Б. Менхенгладбах - Башакшехир 1:2
Еспањол - ЦСКА Москва 0:1
Гент - Олександрија 2:1
Лудогорец - Ференцварош 1:1
Манчестер јунајтед - АЗ Алкмар 4:0
Партизан - Астана 4:1
Порто - Феенорд 3:2
Ренџерс - Јанг Бојс 1:1
Слован Братислава - Брага 2:4
Волфзбург - Сент Етјен 1:0
Вулверхемптон - Бешикташ 4:0

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе