Премиерлига

Гол првенец за Шо, Манчестер јунајтед тргна со победа (ВИДЕО)

Со погодокот на Пол Погба од пенал и првиот гол во кариерата на Лук Шо, Манчестер јунајтед ја отвори новата сезона од Премиерлигата со триумф од 2-1 над Лестер.

„Ѓаволите“ можеби не блескаа вечерва но ја завршија работата против „Лисиците“ и со три бода ја започнаа новата сезона. Манчестер јунајтед поведе веќе во 3. минута. Амартеј играше со рака, судијата покажа на белата точка а Погба не погреши од 11 метри за 1-0.

Раниот гол придонесе Лестер да заигра офанзивно, имаше голема борба на теренот но малку шанси. Најсериозната прилика до крајот на првиот дел ја имаше Медисон, но неговиот удар Де Геа го одбрани со одлична интервенција.

Во вториот дел гостите превзедоа поголем ризик, па тоа остави повеќе простор за контри на Манчестер јунајтед. При една таква ситуација, Лукаку можеше предвреме да го реши победникот, но Шмајхел некако успеа да ја сочува својата мрежа.

Сепак Лук Шо со својот прв гол во кариерата, во 83. минута најави дека трите бода ќе останат на Олд Трафорд. Левиот бек одлично се снајде покрај Переира и од тежок агол погоди на подалечната статива за 2-0.

Но гостите не се предадоа и во втората минута од надополнувањето намалија преку Варди. Переира упати центаршут во срцето на петерецот, никој не тргна на топката па таа заврши во стативата а Варди одлично реагираше и со глава го матираше Де Хеа.

Гостите потоа се обидоа да стигнат и до бод, имаа корнер во 95. минута по кој Шмајхел дотрча во противничкиот шеснаесетник, голманот на Лестер биеше со глава, но само крај голот.

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе