Ла Лига

Гол од пенал го реши дербито на Мадрид, Атлетико го совлада Реал (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид го доби градското дерби против Реал Мадрид со 1-0, единствениот гол на мечот го постигна Јаник Караско од пенал.

Дербито на Мадрид заврши со победа на Атлетико, „колчонероси“ со овие три бода направија значаен исчекор кон топ четири пласман и настап во Лигата на шампионите.

Единствениот гол на мечот беше постигнат од пенал, Јаник Караско во 40. минута погоди од белата точка за голема радост на „Ванда Метрополитано“.

Карло Анчелоти направи голем број на измени за овој натпревар, па и покрај тоа што Реал ги одмараше ѕвездите, гостите имаа неколку добри шанси да избегнат пораз но Облак не дозволи да биде совладан.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе