Лига Европа

Гол на Роналдо, победа на Манчестер јунајтед, Барди и Трабзонспор славеа против Црвена звезда (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо конечно се запиша во листата на стрелци оваа сезона и погоди против Шериф во победата на Манчестер јунајтед од 0-2, Енис Барди и Трабзонспор славеа со 2-1 против Црвена звезда.

По 140 погодоци во Лигата на шампионите, Кристијано Роналдо го забележа и голот првенец во Лига Европа, Португалецот вечерва погоди на гостувањето кај Шериф.

Џејдон Санчо по една убава акција во 17. минута го отвори резултатот а Кристијано Роналдо од белата точка реализираше за 0-2 пред крајот на првиот дел.

Во продолжението од мечот, „ѓаволите“ рутински одработија за три бода.

Енис Барди и Трабзонспор со 2-1 ја добија пресметката против Црвена звезда. Хамшик го отвори резултатот во 16. минута за Трезеге да зголеми на 2-0 во 68. минута.

До крајот на натпреварот, Црвена звезда само го намали поразот со погодокот на Николиќ во 89. минута.

Нашиот Енис Барди шанса доби по еден час игра и влезе на местото на Хамшик.

Лига Европа 2. коло:

Феенорд - Штурм 6:0
Мидјиланд - Лацио 5:1
Монако - Ференцварош 0:1
Олимпијакос - Фрајбург 0:3
Карабах - Нант 3:0
Реал Сосиедад - Омонија 2:1
Шериф - Манчестер јунајтед 0:2
Трабзонспор - Црвена звезда 2:1

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе