Штипскиот клуб остана во Втора лига

Гогов: Разочарани сме од одлуката на ФФМ, но следната сезона ќе бидеме уште посилни

Брегалница имаше проволигашки амбиции оваа сезона но и следната ќе игра во Втората лига откако ФФМ одлучи само првопласираните во моментов да се пласираат во ПМФЛ.

Фото: ФК Брегалница

Брегалница се бореше за првото место во Втората лига Исток, но во моментот на прекинување на првенството таму се наоѓаше Беласица и токму тие следната сезона ќе играат во Првата лига.

Сопственикот на Брегалница, Кирил Гогов е разочаран од оваа одлука, но за следната сезона најавува дека ќе бидат уште посилни и ќе ја остварат целта.

Соопштението на Гогов ви го пренесуваме во целост:

Почитувани љубители на фудбалот, искрени навивачи и поддржувачи, почитувани спонзори и помагатели на ФК Брегалница,
 
Како клуб сакаме да изразиме огромно жалење за скратената можност рамноправно да се бориме за влез во Првата македонска фудбалска лига, и со тоа да докажеме дека сме еден од најорганизираните клубови во државава а нашето место е во елитата.
 
Меѓутоа за ФК БРЕГАЛНИЦА од оваа сезона ќе остане да зборуваат сите нескриени успешни проекти и резултати кои ни го вратија епитетот - еден од најреспектабилните клубови во Македонија. Успеавме за краток период да ја консолидираме младинската школа предводена од  кординаторот Борче Постолов, која до прекинот беше на првото место во лигата со убедливи 20 бода предност во однос на второпласираниот. Сето тоа ни дава надеж дека барем во младинските категории следната сезона ќе добиеме шанса да се натпреваруваме во Супер-лигата.
 
За жал, со појавувањето на пандемијата COVID-19 беше прекинато првенството во Втората лига - Исток и тоа во момент на само три дена пред големата дерби пресметка на Истокот, меѓу Брегалница и Беласица. Дерби кое ќе ја покажеше вистинската слика околу квалитативниот распоред на силите во првенството, и реалниот пласман на табелата.
 
Но, денес може само да жалиме за многу изгубени бодови во текот на, сега веќе, изминатата незавршена сезона. И покрај апсолутната доминација буквално на секој натпревар, за жал, на неколку натпревари останавме без заслужени бодови кои во моментот на прекин на шампионатот не оставија без првата позиција.
 
Како светла точка оваа сезона се уште ни останува КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА каде како полуфиналисти не очекува натпреварот со минатогодишниот освојувач, екипата на Академија Пандев. Тоа е за нас голем предизвик и нова можност да покажеме и докажеме дека нашето место е во Првата лига. Доколку успееме да се пласираме во толку посакуваното финале кое ќе значи и најголем успех на нашиот клуб во историјата, може само да ветиме дека ќе го дадеме максимумот и да стигнеме до трофејот во најмасовното домашно клупско натпреварување, што ќе ни овозможи и излез во Европа.
 
Не знам и не сум сигурен, но можеби ќе бидеме и првиот второлигашки клуб во историјата на фудбалот кој ќе игра во Европа!
 
Почитувани навивачи и симпатизери на клубот, сакам да истакнам дека и покрај нашето големо разочарување од една ваква непосакувана разврска не сезоната, нема да застанеме на патот до нашата силно зацртана цел. А тоа е изградба на клуб кој ќе се темели единствено на стратешки и долгорочни цели. Изградба на ФК БРЕГАЛНИЦА каква сите ја посакуваме.
 
Може само силно да ветам дека континуираното вложување во подобри услови за работа на фудбалерите и стручниот штаб како и континуираното вложување во инфраструктура на клубот ќе продолжат и понатаму со несмален интензитет. Следната сезона ФК БРЕГАЛНИЦА ќе биде уште подобра и поорганизирана!
 
Следната година нашиот клуб слави јубилеј „100 години постоење“. Заедно ќе го прославиме овој голем јубилеј со влез во Првата лига!
 
Спортски поздрав,
Кирил Гогов


Легенда под Главна слика

Фото: ФК Брегалница

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе