Дефанзивецот ја продолжи соработката

Година плус и поголема платата, Бонучи стави потпис на нов договор со Јувентус

Јувентус и Леонардо Бонучи ја прдолжија соработката, дефанзивецот денеска се обврза кон „бјанконерите" до 2024 и доби покачување на платата.

Италијанецот во 2017 го напушти Јувентус и направи трансфер во Милан, но по само 12 месеци на Сан Сиро се врати во Торино и се обврза кон „бјанконерите“ до 2023.

Во отсуство на повредениот Џорџо Кјелини, Леонардо Бонучи оваа сезона ја доби капитенската лента, а сега доби и нов побогат договор со трајност до 2024. Според пишувањата на медиумите, тој ќе заработува 7,5 милиони евра по сезона, колку што му беше платата во Милан.

Одредени медиуми пак пишуваат дека покачувањето не е толку големо, и тој наместо сегашните 5,5 милиони евра, ќе заработува 6 милиони евра плус бонуси.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе