Момчето кое собираше топки и аситираше при голот на Тотнем

Го воодушеви Мурињо, доби покана да слави во соблекувалната но морал да си оди дома: Следното утро имав тест по математика

На мечот помеѓу Тотнем и Олимпијакос во Лигата на шампионите, едно од момчињата кои собираат топки помогна „спарси" да изедначат на 2-2 па направи „да пукне" со Жозе Мурињо и доби покана да слави во соблекувалната, но 15 годишниот Калум Хајнс морал брзо да се врати дома зошто следното утро го чекал тест по математика во училиште.

„Спарси“ во вторникот со 4-2 го совладаа Олимпијакос и покрај тоа што имаа заостанување од два гола. Деле Али во судиското надополнување на првиот дел даде гол кој ги врати домаќините во живот, а за пресвртот значаен беше и потегот на едно од момчињата кои собираат топки.

На стартот од второто полувреме, 15 годишниот Калум Хајнс реагираше спретно, го послужи Орие со топка, десниот бек брзо изведе аут и отвори контра по која Хари Кејн изедначи на 2-2. Жозе Мурињо веднаш стана да му честита на момчето и се поздрави со него. По крајот на мечот упати многу пофални зборови а откри и дека го повикал да прослави во соблекувалната заедно со играчите.

„За да го сторите тоа, морате да бидете навистина добро момче за собирање топки. Јас бев, помеѓу 10 и 15-16 години. Тој е многу интелегентно момче, ја разбира играта, ја чита играта. Не е тука само за да зјапа во трибините, светлата или шаловите. Туку ја чита играта и е составен дел одиграта. Сакав да дојдеда слави во соблекувалната со играчите, но веќе си имаше заминато“ – рече Португалецот по крајот на натпреварот.

Во разговор со официјалната веб страна на Тотнем, Калум Хајнс открива дека морал да го одбие „специјалниот“ бидејќи брзал да се врати дома, следниот ден имал тест по математика во училиште.

„Сето тоа беше нерејално. Јас само си ја вршев работата и се уште не можам да поверувам што се случи. Дури не успеав да го видам голот! Тргнав да ја земам топката која беше исфрлена во аут и потоа слушнав прослава. Се свртев и го видов Кејн како се радува“ – вели Калум Хајнс, кој веќе шест години собира топки на мечевите на Тотнем.

„Погледнав кон големиот екран за да ги видам повторените снимки и што точно се случи. Од мојата насмевка можете да забележите дека сето тоа беше неверојатно. Немаше потреба од гестот на Жозе. Навистина убаво беше од негова страна што ми пријде. Ми го направи денот, животот! Ги обожавам „спарси“ и ова е прекрасен момент кој никогаш нема да го заборавам“.

„Не можев да останам и да славам во соблекувалната. На пат кон дома, користев запалка во колата за да ги повторам задачите за тестот по математика кој ме чекаше следниот ден“.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе