Илијадници луѓе се собраа да го поздрават тенискиот ас

Ѓоковиќ во Белград го прослави огромниот успех: Сè уште не сум свесен што направив (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ денеска постави голем рекорд откако го помина Роџер Федерер по бројот на недели поминати на врвот на АТП листата, вкупно 311. 

Во Белград денеска, пред неговиот ресторан се собраа илијадници луѓе и заедно со Новак Ѓоковиќ го прославија големиот успех.
 
„Веројатно се уште не сум свесен во целост и не знам дали ќе бидам свесен за својот успех и достигнувањата за време на активната кариера, се навикнав на патот дека по неколку недели морам да се свртам кон нов предизвик, турнир, поставување на нови цели... многу ми е мило што ја дочекав таа фамозна 311. недела во Белград, меѓу својот народ“, изјави Ѓоковиќ.
 
„Кога имав седум години си поставив цел, а тоа беше да го освојам Вимблдон и да станам број еден. Тој сон го остварив во 2011 година, имав поддршка од најблиските околу себе за да го прославиме тоа, но не бев свесен тоа колку големо значење имаше за нашата земја и регионот додека не се вратив тогаш тука и да прославам по финалето. Тоа што го доживеав засекогаш ќе го паметам и ќе бидам благодарен, тоа ми е едно од најубавите животни искуства. Тогаш станав свесен што значи мојот успех за луѓето“.
 
„После тоа мојт пристап се смени, носев поголема одговорност, радост, среќа за секој успех бидејќи знаев дека го делам со многу луѓе“.
 
„Овој важен датум за мене се погоди да е на важен ден, интернационалниот ден на жената. Им честитам на сите жени кои во текот на историјата се намачиле и допринеле да го славиме денот на жената иако секој ден би требало да биде ден на жената“.

 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе