Нов напад врз Србинот

Ѓоковиќ одново на мета на критичарите: Мисли дека е Господ, ми се чини дека има психички проблем

Еден од најдобрите италијански тенисери, Адријано Паната го нападна Новак Ѓоковиќ, вели дека Србинот има психички проблем и мисли дека е Господ.

Првиот светски рекет во последно време е на мета на критичарите откако неговиот обид да организира квалитетни тениски турнири во регионот заврши неславно со неколкумина тенисери, помеѓу кои и самиот Новак Ѓоковиќ, заразени со коронавирус. 

Адриано Паната, кој важи за еден од најдобрите италијански тенисери, е последното име кое реши да „удри“ по Србинот.

„Новак мисли дека е Господ, ми се чини дека има психички проблем“ - вели кратко Паната. 

На прашањето кој е најдобар тенисер, тој одговара: „Тоа е лесно, Роџер Федерер е најдобар. Не ме интересира статистиката која е ов корист на Ѓоковиќ, јас ја гледам пошироката слика, Судам според стилот, начинот на играта, чувството за игра... Федерер бил и ќе остане најдобар тенисер“.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе