Србинот си ја отвори душата

Ѓоковиќ: Гледам само злонамерни критики, како да постои некоја агенда, лов на вештерки

Новак Ѓоковиќ за српските медиуми си ја отвори душата по критиките кои се уште ги добива за организацијата на „Адрија Тур“. 

Турнирот кој го организираше Новак Ѓоковиќ заврши неславно, со неколку заразени тенисери од коронавирус меѓу кои и самиот тој. Србинот доби лавина од критики кои стигнуваа од сите страни на светот.
 
Во последно време гледам само критики, многу злонамерни. Очигледно дека постои нешто повеќе од тие критики, како да постои некоја агенда, како да е лов на вештерки. Мора некој да падне, некоја личност, некое големо име да биде главен виновник за се. Оставам другите да проценат дали тоа е коректно и човечки. Според мене не е, мојот став е дека мораме да направиме се и во од да се прилагодуваме“, вели Новак Ѓоковиќ во интервју за „Спортски Журнал“.
 
Тој вели дека имал само добра намера да го организира турнирот и строго ги почитувал сите мерки.
 
„Мојата намера беше чиста, од срце сакав да организирам хуманитарен турнир и да помогнам на ТСС и регионалните сојузи и регионалните играчи бидејќи чувствувам потреба како водечки тенисер во светот да направам нешто ако имам можност. Ги почитувавме сите прописи и закони, за ништо не можеме да бидеме обвинети бидејќи не прекршивме ниту една мерка. Секојдневно бевме во контакт со Владата на Србија. Дали некои работи би можеле да изгледаат поинаку? Веројатно да, но ние се потрудивме да направиме најдобро што можеме во тој момент. Од тоа треба да извлечеме поуки, не само за Адрија тур, туку и за турнирите во Атланта и да видиме што е најдобро за следен чекор, за тенисот воопшто“.
 

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе