Лига Европа квалификации

Ѓока: Нормално е што Мурињо прашувал за Шкендија, не е нормално ние да прашуваме за нив, секој ден ги гледаме на телевизија

Тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока е свесен дека Тотнем е огромен фаворит против неговиот тим, па утре целта е да се даде максимумот, а дали тоа ќе биде доволно ќе се види по последниот судиски свиреж. 

Утре од 20 часот на Арената „Тодор Проески“, Шкендија го пречекува Тотнем во квалификациски натпревар од Лига Европа.
 
„Натпреварот од третото коло е специфичен затоа што знаеме кој е Тотнем и нивната историја, ние сме подготвени сериозно за овој предизвик. Бидете сигурни дека утре ќе го дадеме максимумот за да го покажеме сиот свој потенцијал, а потоа ќе видиме дали тоа ќе биде доволно“, вели Ѓока.
 
„Јасно ни е кого го имаме за противник, но нормално дека ќе се обидеме да го дадеме максимумот од наша страна. Свесни сме за разликите што постојат меѓу двата клуба, но ние мора да ги извршиме нашите задачи, и ќе се надеваме дека ќе направиме изненадување“.
 
„Што се однесува до мојата средба со Мурињо, во фудбалот кога даваш максимум се случува да дојдеш до средба против најголемите. Мене ми е чест што ќе имам дуел со тренер каков што е Мурињо“.
 
„Сигурно дека да го подготвиш тимот за еден меч од вака високо ниво, не е лесна работа, но ние имаме квалитетен тим, играчи со искуство кои ти ја олеснуваат задачата. Ние го анализиравме профилот, тактички, технички и физички. Им укажавме се на играчите, па сега ќе биде наша задача да ја успориме нивната игра и да ги држиме надвор од опасната зона“.
 
„Мурињо се распрашувал за Шкендија и тоа е многу нормално за светот во кој живее. Тоа што го прашал Пандев е многу нормално бидејќи му беше играч. Мислам дека Пандев искрено му кажал која е Шкендија. Но, мислам дека Шкендија не треба да прашува за Тотнем, бидејќи сите знаеме кој е Тотнем, постојано ги гледаме на телевизија, ги имаме сите потребни информации“.

Капитенот на Шкендија, Егзон Бејтулаи вели дека тие нема да излезат со бело знаме на теренот, ќе го дадат максимумот.
 
„Знаеме со кого играме утре, ние играчите сме подготвени да дадеме максимум. Иако знаеме кој е Тотнем, нема да излеземе со бело знаме утре, знаеме дека во фудбалот се случуваат изненадувања и ќе се обидеме ние утре да го направиме тоа“, вели Бејтулаи.
 
„Кога зборуваме за Висар Муслиу, станува збор за многу квалитетен играч, знаеме кој е тој, но клубот има политика да носи квалитетни играчи, но и да не им забрани да си одат кога можат да напредуваат во кариерата. Тој беше значаен играч за Шкендија, но јас со колегата од одбраната со кој играм сме одличен тандем. Мислам дека не загубивме на квалитет со неговото заминување“.
 
„Играв на европско првенство со младата репрезентација на Македонија, играв силни мечеви и со сениорската селекција, и со Шкендија имав силни мечеви. Сум играл против големи играчи како Левандовски и Арнаутовиќ, вистина е дека Кејн сум го гледал само на телевизија, но не значи тоа дека ќе се исплашиме од неговата големина, ќе го дадеме максимумот да го спречиме да ни даде гол“.
 
„Фудбалот на Балканот не е толку слаб како што се обидуваат да го кажат медиумите во Англија. Не верувам дека тие ќе не потценат. Но и да е така тоа нема да влијае на нашиот пристап, нашата задача е да го дадеме максимумот, а тоа што сме тука сме веќе победници, можеме само да добиеме, нема што да загубиме“.
 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе