Црни прогнози на легендата

Гигс: Манчестер јунајтед би можел да чека уште 20 години за да ја освои Премиерлигата

Легендата на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс смета дека на Манчестер јунајтед може да му требаат 15-20 години за повторно да ја освои титулата во Премиерлигата. 

Ливерпул чекаше 30 години да стане шампион на Англија и конечно успеа, а според Гигс нешто слично може да му се случи и на Манчестер јунајтед, навивачите да чекаат долго за триумф во Премиерлигата.
 
„Може да треба да поминат 15,20 години за повторно да се освои Премиерлигата, особено ако Клоп и Гвардиола останат долго во лигата“, вели Гигс.
 
„Кога Ливерпул во 1990 ја освои титулата, си мислеа дека за брзо време ќе освојат и друга, но им требаа 30 години. Дури и на Клоп му требаа четири и пол години за да ја освои. Треба време“.
 
„Клоп го подобруваше тимот секоја сезона, ја освои и Лигата на шампионите, а дури потоа Премиерлигата“.
 

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе