ЦР7 на почетокот од кариерата не внимавал толку многу на диетата

Гигс и Роналдо се скарале поради Кока-Кола: Даде хет-трик и ми порача, пијам што сакам!

Легендата на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс ја појасни приказната која се појави пред неколку години според која Велшанецот и Кристијано Роналдо се фатиле за гуша откако ЦР7 се појавил на доручек со Кока-Кола во рака.

Кристијано Роналдо е голем професионалец, внимава што јаде, тренира напорно и се грижи за своето тело па затоа е во топ форма и на 35 години. Но не било така и на почетокот од неговата кариера.

Пред неколку години, Норвежанецот Јан Аге Фјортофт, повикувајќи се на својот сонародник Оле Гунар Солшер, раскажа случка од соблекувалната на Манчестер јунајтед.

Рајан Гигс и Кристијано Роналдо се фатиле за гуша откако ЦР7 се појавил на доручек со Кока-Кола во рака и на Португалецот му било кажано никогаш повеќе да не му се повтори тоа.

Легендата на „ѓаволите“ сега ја појасни приказната и за подкастот на Манчестер јунајтед рече: „Тоа што го направи Роналдо беше неприфатливо, но не знам дали баш се фативме за гуша“.

„Можеби му кажав нешто во стилот, „Тука не го правиме тоа“, а тој потоа постигна хет-трик и ми рече, „Гигси, пијам што сакам!““.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе